недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Петровска: Не може законски да се избере ВД наместо Катица Јанева

Петровска: Не може законски да се избере ВД наместо Катица Јанева

Натали Петровска од Коалиција за праведно судење, вечерва на Телма изјави дека не може да се избере вршител на должност специјален јавен обвинител на местото на Катица Јанева. Ова се нејзините законски образложенија:

– СЈО остана без првиот човек. Аргументи за замена на Катица има, но законот за СЈО не познава вршител на должност. Законот за СЈО е лек специјалис. Дополнително, истиот е донесен со 2/3 и Бадинтерово мнозинство, наспроти Законот за јавно обвинителство. Недостатоците на законот за СЈО не би можело да се пополнуваат со одредби од законот за јавно обвинителство, особено што постојат процедури утврдени во самиот закон кои треба да се следат од почеток до крај. И за именување и за разрешување.

– СЈО има мандат уште 1 година, до 2020 година. Обвинителите кои што застапуваат не би можеле да работат понатаму. Меѓутоа, останатиот кадар, не е врзан со мандатот на специјалната јавна обвинителка. Меѓутоа, најважното е дека постапувањето сите тие луѓе во таа зграда, го црпат од замениците на специјалната јавна обвинителка. Но, откако ќе заврши мандатот и на овие нејзини заменици, на 15 септември, нема да може ништо да се направи потоа.

Најнови вести