Да доаѓаш од образование, а патем најголемите гафови да ги направиш во тој дел, до толку да си неспособен, па да ја заборавиш својата основна законска обврска и да не им обезбедиш превоз на учениците, при тоа да заработиш кривична пријава, а да излезеш во бунило и паника и своите најголеми лаги да ги претставуваш како најголем успех е нешто многу посериозно од лицемерие, незнаење и неработење, велат од ВМРО ДПМНЕ ОК Битола.
-Двете години, досега невидено катастрофално водење на градот од страна на СДСМ и ЛДП, почитувана збунета наставничке, не можете да ги покриете со Вашата само лична убеденост во големиот успех, кој што не е ништо друго туку само една голема лага. Кажете им чесно на граѓаните дека долгот од 13 милиони евра на Општината, беше само Ваша фикција, а сега зборувате за други бројки. Не лажете за Вашите „херојски” подвизи за работи и процеси кои треба сами по себе да функционираат во една нормална локална самоуправа, со еден нормален градоначалник. Мандатот го започнавте со лаги и манипулации, лажевте кога им се нудевте на битолчани, лажете и сега и се појавувате збунета од немај -каде, после две години да зборувате за „Вашите големи успеси”, стои во партиската реакција и се додава:
„Наташа Петровска, Ви преседнаа изгледа летните горештини, температурите се високи, Вие и Вашата СДСМ, заедно со послушниот привезок ЛДП го уништивте градот, ја уништивте Битола. Не постои афера во државава во која Петровска и СДСМ немаат главна улога. Сега збунети и исплашени, повторно со лоша математика, се појавувате, ама никако да кажете каде и на што го трошите досега најголемиот буџет на Општина Битола, од 28 милиони евра, без малку 2 милијарди денари, оти повеќе од очигледно е дека ништо не работите. И на крајот, да! Битола можеше да има и еден покриен базен или 10 еколошки автобуси, ама само ако имаше градоначалник!“.