Поранешните колешки на Катица Јанева која доби 30. дена притвор за Рекет се оградуваат од неа.
– Од старт се оградував од Јанева. Треба да бидеме горди на расчистувањето на криминалот, истакна вчера Лиле Стефанова по одлагањето на рочиштето за Титаник.
– Денеска гледаме расчистување со криминалот и треба да бидеме горди на тоа. Не е важно дали е осомничениот е шеф или колега. СЈО е во најтешката состојба од основањето. Затоа апелирам политичарите да седнат и да го донесат Законот за јавното обвинителство“, рече Стефанова пред новинарите.
Исто така и Фатиме Фетаи изјави дека секој кој се огрешил пред законот треба да одговара.и дека СЈО продолжува со работа.
За потсетување, Катица е во притвор за Рекет, заедно со Боки13 и Зоран Кичеец.