Во населбата Ново Лисиче во Општина Аеродром од утре ќе има прекин во водоснабдувањето поради изведување технички зафати.
Прекинот ќе биде до завршување на интервенцијата со која е предвидено да се инсталираат „затворачи” кои во иднина ќе обезбедат парцијален прекин на водоснабдувањето, односно само во деловите каде евентуално би се појавил дефект.
– Со ова ќе се надмине досегашниот проблем за прекин на водоснабдувањето во целиот реон, информираат од ЈП „Водовод и канаизација“ Скопје.