петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во чест на Ванчо Петрушевски: Мини олимпијада во риболов од 6 до 8 септември на Козјак

Во тек се припремите за мини олимпијада во риболов Ванчо Петрушевски 2019, во чест на еден од најславните македонски актери.
Во чест на Ванчо Петрушевски: Мини олимпијада во риболов од 6 до 8 септември на Козјак

Во чест на страствениот риболовец и доаејен на македонска глума Ванчо Петрушевски, за првпат во Македонија ќе се организира Мини олимпијада во риболов со 5 спортски риболовни дисциплини. Ќе се оддржува од 6-8 септември на езерото Козјак.

-Рекламно пано 2 на 3 метри се печати, Бистро, наскоро ќе бидат објавени сите детали околу натпреварувачкиот дел, Бистро!, пишуваат на Фејсбук групата Рибарски приказни.

Ќе бидат застапени повеќе спортски риболовни дисциплини: крап, пливка, мушица, спин и натпревар во подготвување на рибна чорба.

Инаку, вчера се одбележа точно една година од смртта на Ванчо Петрушевски. Во несреќа во својот дом, загина еден од најславните македонски актери, на 25-ти август 2018-та година.

Џинот од македонската актерска сцена својата кариера ја помина во Драмски театар уште од 1975 година и остави безброј актерски остварувања.

Најнови вести