четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во манастирот во Матка се одбележува Успение на Пресвета Богородица

Во манастирот во Матка се одбележува Успение на Пресвета Богородица

Во манастирот во Матка крај Скопје денеска со Света Божествена Литургија и со народен собир ќе биде одбележан христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

Ќе чиноначалствува Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан.

Празнувањето почна синоќа со Вечерна богослужба, духовна академија и сеноќно бдение со црковно пеење и читање псалми.

Одбележувањето ќе биде збогатено и со културно-забавна програма.

Во манастирскиот двор ќе се одржи и традиционалната крводарителска акција.

Најнови вести