среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

На клиника донесени дехидрирани, валкани и преплашени: Мајката на оставените деца е со нив во болница, ќе превземат социјални служби

На клиника донесени дехидрирани, валкани и преплашени: Мајката на оставените деца е со нив во болница, ќе превземат социјални служби

Синоќа во 23 часот во придружба на Итна медицинска помош и полицајци, на Детската клиника биле донесени две дечиња.

Тие биле оставени сами во возило.

Од Детската клиника информираат дека станува збор за машко дете кое имало 4 години и неговата сестричка на 7-годишна возраст.

На клиника биле донесени во свесна состојба,  но многу уплашени.

Докторите велат дека децата биле лесно дехидрирани, со стабилни витални параметри. Задржани се на опсервација, а реализирани се сите потребни анализи.

Од клиниката информираат дека децата се прегледани, во добра состојба и за денес е планирано пуштање.

Дечињата биле во валкана облека, но не се утврдени знаци на насилство.

Од синоќа до моментов, со нив во болница е и нивната мајка.

По напуштањето на болницата, грижа за нив ќе превземат и социјалните служби.

Најнови вести