Американската пејачка Лизо во новото интервју за “Glamour” вели дека ѝ е мило што ја има поддршката од фановите, но и дека не е нормално што е една од ретките корпулентни дами која има високо мислење за себе.
31-годишната пејачка се прослави со своите мотивациски песни, а кога претходно оваа година настапи на доделувањето на BET наградите, таа се погрижи целиот свет да слушне за неа.
Лизо зборувала и за двојните стандарди кои владеат во музичката и филмската индустрија, каде успехот на жените зависи само од нивната градба.
“Да ја видите Ен Хатавеј во бикини на билборд не би ја нарекле храбра, зарем не?”.
Иако е среќна што станала влијателна во светот на плус-сајз жените, Лизо истакнува дека е ретка помеѓу нив и дека сè уште нема толкава разноликост колку што би требало да има.