среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Билатерална средба АВМУ – АКОС

Билатерална средба АВМУ – АКОС

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Агенцијата за комуникациски мрежи и услуги на Република Словенија (АКОС) одржаа билатерална средба на којашто се разговараше за надлежностите на регулаторите и нивното постапување во насока на спречување недозволена медиумска концентрација.

Беа разменети искуства и за законските одредби за говорот на омраза, начинот на констатирање на овие појави, нивното санкционирање, како и за медиумската писменост и активностите што се преземаат во насока на нејзиното промовирање и за законската регулатива за задолжително пренесување на програмски сервиси (must carry).

АВМУ и АКОС оценија дека меѓусебната соработка е на високо ниво и дека со ваквата добра практика треба да се продолжи и во иднина.

Билатералната средба се совпаѓа со 22-годишнината од постоењето на Агенцијата.

Најнови вести