МС Стојан „плива во пари“: Хитовите не се негова најголема заработка- од овој бизнис заработува брдо пари, а ретко кој знае (ФОТО)
watch_later
04. септември 2019. @
16:32 timelapse 15 мин.
Познатиот српски пејач МС Стојан ретко кој очекуваше да стане вистинска ѕвезда во регионот пред неколку години кога се појави во јавноста, но годините потоа го покажаа спротивното.
Денеска неговите песни се вистински хитови и најслушани, а настапите рекордно посетени.
Како што сам за српските медиуми има откриено дека од настап заработува 8 илјади евра, а со оглед на тоа што настапува секој викенд пејачот на годишно ниво заработува вистинско богатство.
Сепак тој пари не заработува само од музиката, пејачот има свој бизнис и модна линија на тренерки со неговиот потпис.
Сепак МС Стојан не се жали од заработката која ја има на Јутјуб од песната „Мајами“ која има преку 97 милиони прегледи.
-Сега сите мои песни имаат милионски прегледи, а од тоа добро заработувам на Јутјуб и другите платформи. Се што заработувам вложувам во песните и спотовите, вели пејачот за српските медиуми.