Популарната латино актерка, Софија Вергара, предизвика лавина негативни коментари на Инстаграм, после фотографијата која ја објави на оваа социјална мрежа.
Имено, таа објави фотографија од луксузен авион во кој е во друштво со неколку пријателки и напишала: „Bye bye Dorian“, со што разбеснила бројни следачи ширум светот.
„Ова е навистина безобзирно. А толку многу луѓе се грижат и се обидуваат да смислат начин како да ги спасат своите семејства“, е еден од коментарите.
„Не само што е лоша актерка, туку е и лош човек“, ја повикале Вергара.
„Драго ми е што си на сигурно, но што велиш за тоа да престанеш да го потенцираш тоа? Можеби би требало да имаш срце и да размислиш за тоа да помогнеш“, напишала една лута следбеничка.
Да потсетиме, најмалку 20 лица загинаа на островите Абако, на Бахамите, во удар од ураганот Доријан, кој моментално беснее на околу 170 километри источно од Вест Палм Бич на Флорида, со удари од ветер од околу 205 километри на час.