Почитувани сограѓани ! Ве известувам дека денеска по којзнае кој пат се случи напад на здравствен работник ,лекар на неговото работно место . Според неофицијални сознанија колегата во тешка здравствена состојба е пренесен на скопските клиники. Додека власта и министерот Филипче се фалат со непостоечки проекти правната држава во Тетово не постои. Наместо да се зафатат и да ги исполнат ветувањата за повисоки плати ,носење на нов закон за ЗЗ и лекарска дејност,ние сме сведоци на терор над здравствените работници.Воедно ги прашувам министрите Филипче и Спасовски :Дали овој случај ќе го истераат законски до крај??? Дали е точно дека лекарот е претепан пред очите на полициски службеници ????#Поддршказаздравственитеработници !!!!, напиша на својот Фејсбук профил пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Горан Манојлоски.