среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Апсурдот за писмата на Јанева: Таа може да издаде наредба или барање за притвор, а и самата се наоѓа во притвор

Апсурдот за писмата на Јанева: Таа може да издаде наредба или барање за притвор, а и самата се наоѓа во притвор

Во вчерашните вести на „АлфаТВ“ гостуваше Звонко Давидовдиќ кој посочи дека правните реформи морат да се случат и ова околу случајот „Рекет“ покажува само колку нашиот систем е на ниски гранки, колку судството и обвинителството се паднати, а и други институции.

-Замислете вие имате човек кој што е специјален јавен обвинител во кој целокупната јавност полагаше надеж. И сега е во притвор. И од притвор издава наредби. А, институциите не се кадарни да го разрешат од функцијата која ја има. Она е се уште специјален јавен обвинител. И она може замислете да издаде наредба за нечиво приведување или барање за притвор, а и самата се наоѓа во притвор, додаде Давидовиќ.

Давидовиќ истакна дека институциите очигледно не функционираат, очигледно правниот систем не е заживеан. И дека истата работа продолжува со години.

-Ние ставивме многу работи под килим и тие наново излегуваат и тоа се уште пожестоки и посуштински проблеми прават. Ова не смееме да го ставиме под килим, кој и да е во прашање мора да понесе одговорност. И да ја добие заслужената казна и да го заживееме системот, и да го укажеме дека веќе кон никого нема да се затвораат очи или да не биде одговорен пред законот. Значи законот мора да важи за сите. Мора да се спроведат правните реформи и да заживеат институциите вистински, и да ги расчистиме комплетно сите работи, појасни Давидовиќ.

Најнови вести