Оризарите протестираат денес во Облешево.
Тие ја блокираа коловозната лента на патот Кочани-Штип во селото.
Револтирани се на власта која не ги исполни своите ветувања и која ги остави на цедило.
Тие се соочуваат со проблемите околу загарантираната цена која што е за 30-тина проценти помала од онаа која им ја ветуваше премиерот Заев.
За минатата година им беше ветена дополнителна стимулација од 5 денари, но од тоа не добија ништо.
Нивните проблеми се многубројни, а власта засега не покажа интерес да ги реши.