По пауза од половина час продолжи лидерската средба меѓу тимовите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ предводени од лидерите на партиите Зоран Заев и Христијан Мицкоски.
Паузата не успеа да ги спласне страстите на власта, која и по четири часа ги води преговорите во круг. Преговарачкиот тим на власта разговорите ги враќа на прашања за кои се сметало дека се затворени и очигледно е дека преговарачкиот тим на чело со Зоран Заев не сака договор.
Неофицијално, власта прави сè за да ја спаси Вилма Рускоска со нов предлог за Законот за ЈО кој ќе ѝ гарантира на Рускоска дека ќе застане на чело на новото обвинителство кое би се формирало од постојното Обвинителство за органзиран криминал и корупција и СЈО.
Освен тоа, преговарачкиот тим на СДСМ инсистира да се спасат сите вработени во СЈО, не само обвинителите, кои би преминале директно во новото обвинителство. овој предлог за опозицијата е неприфатлив имајќи предвид дека станува збор за компромитирани кадри, вработувани по партиски клуч и по роднински и пријтелски врски со обвинители во СЈО и луѓе блиски до врвот на СДСМ.