сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Вечерва рекордна загаденост во Аеродром- Лисиче: Неверојатни 854 ПМ 10 честички, власта не превзема ништо!

Вечерва рекордна загаденост во Аеродром- Лисиче: Неверојатни 854 ПМ 10 честички, власта не превзема ништо!

Претставници од неколку невладини организации кои се залагаат за спречување на алармантното загадување на воздухот во Скопје вечерва, со посебен апарат, Мет Оне, извршија мерење на загаденоста на воздухот на повеќе локации во градот, објави вечерва порталот Призма.

Најголемо загадување се покажа во Аеродром во 22 часот – дури 854 микограми ПМ 10 честички на кубен метар, што е за 17 пати повисоко од максимално дозволените 50 микрограми.

Во населбата Лисиче пак, мерењата се движеа околу 500 микрограми, што е за 10 пати над дозволениот просек.

Граѓаните на социјалните мрежи реагираа дека воздухот мириса на изгорена пластика и дека во Аеродром и во Лисиче видливоста е намалена.

Најнови вести