среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Арсовски: Да прекине говорот на омраза од сите страни

Арсовски: Да прекине говорот на омраза од сите страни

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски го осудува дискриминирачкиот и шовинистички коментар кон обвинителката Фатиме Фетаи на новинарот Љупчо Златев објавен на социјалните мрежи, но ја повика јавноста и да го осуди говорот на омраза што го шири новинарот Бранко Тричковски, а во кој последно ги вмеша и децата на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-ВМРО-ДПМНЕ секогаш осудувала и осудува дискриминирачки и шовинистички однос кон женската популација и бараме веднаш да прекине таквиот говор од сите страни кои го промовираат. Воедно, бараме јавноста да ги осуди сите политички чинители и да прекине говорот на омраза и мизогонија од страна на новинарот Тричковски, кој во статус на Фејсбук ги вмешува и децата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за политичка пресметка, вели Арсовски за „Република“.

Најнови вести