Група граѓани денеска на плоштадот во Скопје поставија кутија за донации за Катица Јанева.
Според фотографиите кои започнаа да кружат по социјалните мрежи во центарот на Скопје на фонтаната „Воин на коњ“ денеска осамна кутија со која се собираат донации за овој месец да биде се „ОКЕЈ“.
-АПЕЛ ЗА ПОМОШ, да собереме 215.478 денари за да и овој месец и биде „ОКЕЈ“ на Катица Јанева, стои во пораката на кутијата.