понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Илиоски: Ништо што ветивте немате направено, не сте способни, да сум на ваше место ќе си дадев оставка

Илиоски: Ништо што ветивте немате направено, не сте способни, да сум на ваше место ќе си дадев оставка

На денешната Комисија за финанасирање и буџет во Собранието на Република Македонија, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски истакна дека власта ниту едно предизборно ветување упатено кон гласачите не остварила. Покачени се акцизите, покачени се даноците, но притоа не е реализиран ниту еден проект коментира тој.

-Се што сте рекле за време на предизборието, ништо немате направено. Освен се извинувам, покачивте акциза, покачивте данок. Тоа да. Значи арачот на граѓаните го зголемивте. Ги зголемивте даноците за персонален данок, тоа да и попатно поделивте по некој грант од фондот за иновации на ваши блиски и продуциравте афера рекет која што е позната во Европа, вели Илиоски.

Секоја влада е избрана да гради и создава потенцираше Илиоски и ја посочо реализацијата на капитални инвестиции како најголем проблем на оваа влада.

-Секоја Влада во било која држава, пред се зошто е избрана? За да направи нешто да изгради нешто. Што изградивте вие? Велевте дека ќе реализирате капитални инвестиции во вредност од 400 милиони евра, две третини од годината поминаа реализиравте 120 милиони. Срамота е. Јас да сум на ваша место ќе молчам, ќе си заминам низ врата и ќе кажам чао луѓе пријатно. Не сте способни. Минатата година истото ви се случи, додаде тој.

Најнови вести