Крајно време е да се признае дека политиката што ја води оваа влада, и економската политика и корупцијата се голема причина за недоаѓање на странски инвеститори во Република Македонија, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Весна Пемова на собраниската Комисија за финансирање и буџет.
Пемова потенцираше дека странските директни капитални инвестиции во првото полугодие на 2019 година се на најниско ниво во последниве декади и тоа го потврдуваат бројките, и затоа власта треба да објасни пред граѓаните зошто инвеститорите не заобиколуваат и не инвестираат како претходно што го правеа тоа.
Дали причина за заобиколување на Република Македонија од странски капитал инвестиции е политичката нестабилност, даночната политика, корупцијата која што никогаш не била на вакво ниво каково што е сега, и сите меѓународни фактори ни упатуваат критики во таа насока, прашува Пемова.
Таа исто така додава дека ребалансот кој што го прави СДСМ е потврда дека владата потфрлила во самата проекција на буџетот и тоа во сите сегменти од нашето живеење и дека оваа година не е економска година а тоа го потврдуваат сите макроекономски параметри.