вторник, 5. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Црна се чума зададе там долу Македонија“

„Црна се чума зададе там долу Македонија“

Бремето кое го остави оваа „блескава влада“ ќе биде огромно за идните генерации и идната влада на ВМРО-ДПМНЕ во секој поглед, а еден од суштинските предизвици и приоритети во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде враќање и задржување на народот и младите луѓе во државата – ПРИОРИТЕТ БР 1!!!… затоа што… Држава без народ, не бива држава!

Ова е дел од текстот напишан од Марјан Ристески, поранешниот градоначалник на општина Прилеп.

-Најтажната македонска песна стана вистинска реалност во државава. Ние сме катадневни очевидци на страшната слика во жална Македонија – преполни автобуси и авиони со млади луѓе заминуваат во еден правец по „белиот свет“. Секојдневната реалност остава пустош во земјава како навистина овде да завладеала „црна чума“ и сите бегаат да се спасат од неа: се празнат градови, се празнат селата – Македонија се празни како никогаш до сега! Сè повеќе и повеќе разочарани луѓе со безнадежни размислувања заминуваат од земјава со следните изговори: Не бива држава од ова, немам сигурност овде повеќе, се чувствувам како граѓанин од втор ред во сопствената држава, ништо не функционира, децата сакам да ми растат во нормална средина или пак: глупостиве во државава не се трпат повеќе, ваков хаос никогаш не било, едно кажуваат друго прават…се коментари кои ги слушаш на секој чекор. Луѓето веќе не се плашат да го искажат своето болно чувство, а тоа го прават дури и оние кои биле најверни поддржувачи и верувале во лагите на оваа власт! Не треба човек да ангажира анкетни куќи, анкетата е секојдневна во било кој дел од државава. Луѓето се крајно разочарани и нема ден да не ги слушнеш следниве одговори: чекам бугарски пасош, ја чекам работната виза или деновиве сум повикан на разговор во амбасада, се вратив на кратко да средам документи за фамилијта… Ова, за жал, го кажува секој трет, да не речам секој втор човек, пишува тој.

Целиот негов текст прочитајте го на РЕПУБЛИКА

Најнови вести