сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Продолжува хајката против новинарите, време е да се каже: Доста е!

Продолжува хајката против новинарите, време е да се каже: Доста е!

Апелирам до обвинителството веднаш да се запре постапката по обвинителниот акт до Александар Митовски, новинар – уредник на порталот Инфомакс.мк кој објави изводи или дел од сведочења и пријава за кривичното дело „Рекет“.

Како новинар најостро го осудувам овој акт на политички притиcoк и зaкaнa кон колегата Александар Митовски. Истовремено потсетувам дека за функционерите не смее да има нeзгoдни прашања. За нас новинарите има само прашања на кои секој избран или именуван функционер е должен да одговори во интерес на граѓаните.

Сите политичари кои се одредиле да бидат политичари, да вршат јавна функција, логично е да бидат на мета на јавноста и на новинарските пера и мораат достоинствено да се однесуваат.

Со ваквите судски процеси, власта се обидува да ги дискредитира и да ги девалвира сите новинари и сака да го наруши кредибилитетот на новинарската професија. Ваквиот прогон влијае негативно и на слободата на изразувањето и на слободата на медиумите.

Последниов период беа упатени дузина закани кон новинари, што во форма на закани по живот, што во форма на кривични пријави.

Новинарот и уредник на порталот Плусинфо, Бранко Героски, откако ја обзнани аферата „Рекет“  веднаш стана предмет на закани и уцени од луѓе кои се директно и индиректно поврзани со овие случаи на рекет и уцена со намера да престане со објавите, што тој и самиот го објави во своја колумна.

На распит беа повикани новинарите Љупчо Златев и Горан Момировски откако ја открија аферата односно објавија аудио разговор кој го води генсекот на Владата Драги Рашковски за тендер вреден 7 милиони евра.

Време е да се каже: ДОСТА Е!

Предраг Кукиќ, главен и одговорен уредник на Курир.мк

Најнови вести