недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Цуклев: Со „Мој ДДВ“ повеќе пари се враќаат кај богатите

Цуклев: Со „Мој ДДВ“ повеќе пари се враќаат кај богатите

Драган Цуклев, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница рече дека ако целта на проектот „Мој ДДВ“ е пред се созбивање на сивата економија , граѓаните да бидат инспектори наместо УЈП, тогаш основното прашање е кога го профилирате овој проект и колкава се постигнувањата од овој проект.

-Основното прашање што треба да си го поставите е колку нови фискални апарати се воведени во системот на готовинскиот платен промет , колку повеќе фискални сметки се издадени од стартувањето на овој проек.Вие го зборите само делот на поврат на средства кај граѓаните.Тука имате катастрофални потрфрлања и логички се поставува прашањето ако цело време го верглате враќањето пари кај граѓаните, тогаш се поставува прашањето зошто се наплакаат ако треба да се враќаат, истакна пратеникот Цуклев.

Тој во своето обраќање потенцираше дека ако вршите некоја прераспределба на доходот не врште, туку напротив се зема повеќе од сиромашните и дека со „Мој ДДВ “повеќе се враќа на богатите.

-ДДВ е општ потршувачки данок којшто се наплаќа во сите фази во процесот на производство, трговијата и угостителство .Ние што го збориме за поврат, за мој ДДВ е делот од ДДВ што се наплаќа при обавување на готовински платен промет, не го мешајте вкупното ДДВ со ДДВ наплатено при обавувањето на готовински платен промет заради која се издаваат фискални сметки, посочи Цуклев.

Најнови вести