понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Александар Наумовски бега од средба со граѓаните: „Градоначалниче, на народ не се врти грб“ (ВИДЕО)

Александар Наумовски бега од средба со граѓаните: „Градоначалниче, на народ не се врти грб“ (ВИДЕО)

Фејсбук страната Ѓорче Петров на својот профил сподели видео на кое јасно се гледа како градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Наумовски бега од директната средба со револтираните родители на децата од основното училиште Димитар Поп Ѓоргиев Беровски.

-Врв на лицемерието е кога им вртиш грб на тие што те гласале и заминуваш од разговорот со нив.
Сепак манирите се за луѓе со развиена свест.
Но како и да е, народ памти кога му вртиш грб. Овај наш народ секоја ситница ја памти.
Градоначалниче, на народ не се врти грб.
Сепак, за да имаш културни манири треба да имаш богато животно искуство.
А животно искуство не се стекнува со жадиња, певаљки, тони алкохол и биртиски седенки, стои во нивниот пост на Фејсбук.