недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Миланов за постапувањето на Рускоска: Она што го правеше Катица Јанева очигледно сега го прави некое друго обвинителство

Миланов за постапувањето на Рускоска: Она што го правеше Катица Јанева очигледно сега го прави некое друго обвинителство

Адвокатот Еленко Миланов во гостувањето во телевизија 24 го коментираше прекршувањето на Законот со затворање на истрагата пред да им се даде на осомничените право да да дадат исказ во врска со случајот Рекет. Тој коментира дека ова не е прв пат бидејќи истото се случувало и во СЈО, а сега она што го правела Катица Јанева го прави некое друго обвинителство.

-Не е прв пат да се прави вакво прекршување со тоа што ќе се затвори истрага пред да им се даде на осомничените право да дадат исказ или да се произнесат на било кој начин. Затоа што тоа истото се случуваше и во СЈО. Огромен број од предметите кои што на врат на нос поради веројатно касно сваќање на рокот кога истекува за поднесување на обвиненијата не беа воопшто сослушани. Тие беа повикани по нивното барање да направат увид во списите на предметот, никогаш повеќе не се повикани да дадат свој исказ и добија известувања за завршени истраги и се поднесени обвиненија. Така што она што го правеше Катица Јанева очигледно сега го прави некое друго обвинителство, вели Миланов.

Најнови вести