сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицевски за министерката за финансии: Нејзиното отсуство го отсликува односот на Заев и СДСМ кон државата и граѓаните

Мицевски за министерката за финансии: Нејзиното отсуство го отсликува односот на Заев и СДСМ кон државата и граѓаните

На денешната седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет се обрати и пратеникот и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски кој сакаше да ја потсети јавноста дека седми ден тече расправата за ребалансот во Комисијата, а шести ден како министерката за финансии е отсутна.

„Формално правно заменичката е тука меѓутоа оној што е најповикан за оваа Комисија се уште не можеме да го видиме. Односот на министерката кон пратениците и кон Комисијата за финансирање и буџет, како и кон ребалансот го отсликува односот на Владата на Зоран Заев и СДСМ кон државата и граѓаните на Република Македонија“, истакна Мицевски.

Најнови вести