вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Санкционирани 336 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар за само една недела

Санкционирани 336 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар за само една недела

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје за една недела санкционираа 336 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 23.09. до 29.09.2019 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 174 непрописно паркирани возила, од кои три (3) несовесно паркирани возила на паркинг места наменети за лица со посебни потреби, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 162 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.