петок, 2. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Јаулески: Денес нашата генерација се соочува со насила одземено име и идентитет, непочитувајќи ја одлуката на македонците искажана на референдум

Јаулески: Денес нашата генерација се соочува со насила одземено име и идентитет, непочитувајќи ја одлуката на македонците искажана на референдум

Денеска во Кавадарци се одржа трибина во организација на УМС Кавадарци на која свое обраќање имаше претседателот на УМС Јован Јаулески кој по тој повод на својот Фејсбук профил напиша:

„Со задоволство ја прифатив поканата на претседателот на УМС од Кавадарци, Филип Тасев, да се обратам пред присутните на трибината на која разговаравме за УМС од почетоците па се до денес.
Секоја генерација има своја битка, така и претходните претседатели на Кавадарци на кои им беше доделена Благодарница за сиот нивни труд и за тоa што на нас следбениците ни оставија организација која станува сѐ помоќна и побројна.

Денешната наша битка е можеби поразлична од претходните, би рекол и една од потешките.
Денес нашата генерација се соочува со насила одземено име и идентитет, непочитувајќи ја одлуката на македонците искажана на референдум.
Денес се соочуваме со репресија, политички прогон кој за жал во минатиот период не ги поштеди ниту членовите на УМС.
Денес сме сведоци на многу млади кои својата иднина не ја гледаат во Македонија, туку ги полнат куферите и вадат карта во еден правец, оставајќи семејство зад себе, другари, и сѐ она што го стекнале тука.
Денес сме лидери во Европа по младинска невработеност – работа за младите во Македонија нема, освен за децата на функционерите од власта кои се сместени на позиции кои најверојатно не знаат да ги кажат, згора на тоа се шерифи низ град на кои што никој не смее ниту збор да им рече, а виновникот за сето ова има име и презиме: – Зоран Заев и СДСМ!
И тоа мора да заврши веднаш!
Македонија мора вистински да оди напред, а младите да имаат гарантирана иднина тука и еднакви можности.
Ние тоа можеме, знаеме како и работиме на стратегии кои многу наскоро ќе ги презентираме пред вас. Работиме на програма за квалитетен живот на младите во Република Македонија базирана на реално остварливи проекти, не памфлети, лаги и предизборни манипулации.
Затоа бидете дел од младата интелигенција која ќе ја обнови Република Македонија.
Бидете дел од генерацијата која вистински ќе донесе подобар живот, а не само на билборди.

Да е вечна Унијата на млади сили,
Да живее Македонија!“

Најнови вести