петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Независниот синдикат на полицијата на протест низ цела Македонија

Независниот синдикат на полицијата на протест низ цела Македонија

Враќање на достоинството на полицијата е мотото под кое Независниот синдикат на полиција денес го одржува вториот протест. Низ цела Македонија се блокираат раскрсници, а со протестот сакаат да ги алармираат надлежните за лошите услови за работа на полицајците и на затворската полиција.

-Нашите барања се повисока плата за 25 отсто, почнувајќи од месец октомври 2019, Колективен договор во Шумска и Затворската полиција. Бараме повисока плата оти месечниот пораст на трошоците за живот изнесува над 5% во последните три месеци и други барања, истакнаа на протестот во понеделникот од Независниот синдикат.

Посочуваат дека и покрај опструкциите кои ги имаат сите ќе ја видат силата на незадоволството на полицаецот.

Од синдикатот нагласуваат дека не се борат за лични интереси, туку за повисоки плати на сите. Тие добија поддршка од претставници на синдикатите од Словенија, Србија, Романија и Бугарија.

Најнови вести