сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стевананџија: Несериозно е за нов министер кој што во првата недела потпиша 100 милиони евра за задолжување да не присуствува на седниците на Комисијата

Стевананџија: Несериозно е за нов министер кој што во првата недела потпиша 100 милиони евра за задолжување да не присуствува на седниците на Комисијата

На денешната седница на Комисија за финансии и буџет се обрати пратеникот Димитар Стевананџија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ при што посочи дека не е коректно да министерот за финансии веќе осми ден не присуствува на седница на Комисија за финансирање и буџет, што е една од основните обврски.

-Ова е веќе осми ден како министерката за финансии не присуствува на седница на Комисија за финансирање и буџет. Ова е преседан кој што досега не се случил. Нема да имаме ниту денес чест да ја видиме, истакна Стевананџија.

Стевананџија замоли доколку е возможно денес во текот на денот министерката за финансии да дојде, бидејќи несвојствено и некоректно е да секој друга обврска и е побитна од расправата за ребаланс на буџет.

-Несериозно е за нов министер кој што во првата недела потпиша 100 милиони евра за задолжување да не посветува внимание на она што е нејзина обврска, нагласи Стеванаџија.

Најнови вести