сабота, 9. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пемова: Овој ребаланс значи дека Владата промашила во креирање на економските политики во државата

Пемова: Овој ребаланс значи дека Владата промашила во креирање на економските политики во државата

На денешната собраниска седница пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Весна Пемова посочи дека секој ребаланс значи дека Владата промашила во креирање на економските политики во државата.

-Овој ребаланс на буџет не претставува ребаланс заради развој на државата, туку со еден збор кажува за неспособноста на владата во креирањето на економските политики во државата, истакна Пемова.

Пемова додаде дека Владата на Република Македонија има направено големи промашувања и на приходната страна на Буџетот и на расходникот.

-Во приходната страна има промашувања во прибирање на средствата во Буџетот и тоа по основ на прибирање на даноци, посебно на данок на добивка што укажува дека приватните фирми работат тешко со економските мерки и политики што ги спроведува оваа Влада. Потфрлањата на оваа влада со оваа економска политика се големи, нагласи Пемова.

Најнови вести