недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид: Институтот за филм – Филмска академија Охрид во соработка со ФАМУ од Прага згаснува, а требаше да прерасне во меѓународно препознатлива високообразовна институција

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид: Институтот за филм – Филмска академија Охрид во соработка со ФАМУ од Прага згаснува, а требаше да прерасне во меѓународно препознатлива високообразовна институција

Институтот за филм – Филмска академија Охрид во соработка со ФАМУ од Прага згаснува, а требаше да прерасне во меѓународно препознатлива високообразовна институција, ова денеска преку изјава за медиумите го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

-Академската година започна – настава нема, дури сега има целосно нефункционирање. Какви мерки презедоа Владата и министерот за образование и наука, Арбер Адеми? Дали МОН и пратеничката Жаклина Лазаревска, како претседател на Комисијата за образование, наука и спорт знаат дека е причинета материјална штета врз студентите? И минатата година помина без настава, а многу студенти од странство се веќе во своите земји без дипломи. Зошто дозволивте првите дипломирани студенти да не ги земат дипломите? Кој ќе преземе одговорност за прекинот на наставата, за неисплаќање на хонорарите на професорите како и за судбината на вработените?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Од партијата велат и дека ИФФА се соочува со повлекување на франшизата и целосно згаснување поради неодговорната власт на СДСМ.