Во денешната емисија „Само Вистина“ гостуваше и аналитичарот Александар Пандов кој при своето гостување посочи дека нормално е рејтингот на Зоран Заев да падне и да има незадоволство од граѓаните, а тоа се должи на бројните афери кои излегоа на виделина.
Рејтингот на Зоран Заев од сите лаги, од сите афери кои што се излезени во минатото но поготово сега актуелните рекети „Рекет 1“, „Рекет 2“, корупција и непотизам секаде како владее, неминовно е дека неговиот рејтинг ќе оди надоле, потенцира Пандов.
Пандов додаде дека моментално во Република Македонија апатија владее, граѓаните се чувствуваат лошо и си заминуваат од земјата поради лошата политика на оваа влада, а Зоран Заев не сака да има предвремени парламентарни избори.