Катица Јанева преку своите адвокати понудила спогодба во пресрет на подигнување на обвинението во истрагата „Рекет“, јавува Телма, повикувајќи се на извори во истрагата, но Обвинителството ја одбило.
Обвинителката Вилма Русковска потврди дека еден од осомничените во првиот дел од истрагата „Рекет“ побарал спогодба, но тоа не се официјализирало.