вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Српските медиуми под будно око го следат случајот Рекет: „Полициска акција во домот на Боки 13, паѓа и таткото на Јовановски“ (ФОТО)

Српските медиуми под будно око го следат случајот Рекет: „Полициска акција во домот на Боки 13, паѓа и таткото на Јовановски“ (ФОТО)

Регионалните медиуми се повеќе се интересираат за случајот „Рекет“ кој со месеци е главна тема во сите медиуми ширум Балканот.

Откако вчера „Рекет“ доби нов тек откако истрагата се прошири на уште четири лица, вчера беа опфатени, самиот Боки 13, потпретседателката на „Меѓународниот сојуз“ Јасна Мандиќ, таткото на Бојан Јовановски, Миле Јовановски како и потпретседателката на Собранието и функционерот во СДСМ Фросина Ременски.

Српски „Телеграф“ пишува дека таткото на Боки 13 и е познат на македонската јавност по неговото скандалозно и насилно однесување во минатото. Во октомври 2017 година пред семејниот дом во Тафталиџе е запален автомобилот на таткото на Боки 13 „БМВ 5“ кој бил паркиран во семејниот двор.

Српски „Пинк“ пишува дека во тек е полициска рација во домот на таткото на Боки 13: Падна и таткото на Бојан Јовановски.

Инаку српските медиуми бурно го следат случајот „Рекет“ со месеци и денови наназад, па така деновиве информираа и за завршувањето на Боки 13 во болница.

Како и за денешното поднесување на обвиненито за случајот „Рекет“.

Инаку лицата кои се опфатени со предлогот за определување мерки за претпазливост во врска со случајот „Рекет“ денеска се повикани во Основен кривичен суд Скопје да се произнесат пред судија на претходна постапка.

– Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, пред судија на претходна постапка вчера беше спроведено едно лице со предлог за определување мерка притвор. По ценење на фактите и доказите во предлогот, произнесување на странките како и ценење на личните и семејни услови на осомниченото лице, судија на претходна постапка донесе решение со кое на Ј.М. и определи мерка куќен притвор како и дополнителна превентивна мерка – одземање на патната исправа и забрана за издавање нова патна исправа или друг документ за преминување на државната граница , заради постоење на основите од член 165 ст.1 т. 1,2 и 3 од ЗКП, соопшти утрово Основениот кривичен суд Скопје.

Што се однесува до останатите лица опфатени со предлогот за определување мерки за претпазливост, согласно законските одредби, како што е наведено во соопштението од Судот, во текот на денов се повикани да се произнесат во однос на предлогот пред судија на претходна постапка.

Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција вчера ја информираше јавноста дека истрагата за „Рекет“ е проширена, односно донесена е наредба за спроведување истражна постапка против пет физички лица и едно правно лице, поради постоење основано сомнение дека првоосомничениот сторил продолжено кривично дело „измама“ и кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Најнови вести