Пред неколку минути во Општина Теарце – Тетовско, непознати лица запалиле оган. Овој чин предизвикал реакција на неколку жители од ова место.
Тие реагирале иронично кон институциите.
„ Полиција и комунални инспектори, ве покануваме во Теарце за да дишете чист воздух.“
Жителите на Теарце во исто време бараат и мерки за спречување на ваквите негативни појави.
ИЗВОР: АЛСАТМ