четврток, 8. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Катица Јанева и денеска останува во болница?!

Катица Јанева и денеска останува во болница?!

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, најверојатно, и денешниот ден ќе го помине во болница.

Нејзината адвокатка Ирена Фрчковска за телевизијата Алсат изјави дека Јанева има здравствени проблеми и аномалии. Според неа, поранешниот специјален обвинител минува низ некои други процедури за тестирање на нејзиното здравје.

Адвокатите предупредуваат дека повторно ќе бараат домашен притвор заради влошената здравствена состојба, но откако ќе добијат судски одговор во врска со гаранцијата што Јанева претходно ја обезбедила за ослободување од затворот Шутка.

Најнови вести