сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Милион евра штета за три дена – Блок 3 од РЕК Битола трет ден надвор од употреба

Милион евра штета за три дена – Блок 3 од РЕК Битола трет ден надвор од употреба

Блокот 3 во РЕК Битола трет ден е надвор од употреба. Блокот е исфрлен од употреба во четвртокот и се уште не е пуштен во функција, само два дена претходно од употреба 5 дена беше исфрлен Блокот 1.

Честите дефекти во најголемиот произведувач на струја во државата ја чинат државата милиони на дневна основа. Само исклучување и вклучувањето на еден блок од термоцентралата ја чини државата 200.000 евра, дополнително секој ден неработа причинува штета од над 240.000 евра.

Не работењето на Блокот 3 практично веќе акумулирал штета од 1 милион евра, додека само два дена пред да испадне од употреба Блокот 3, државата претрпе штета од над 1.2 милиони евра за неработењето на Блокот 1.

Од почетокот на годината до сега Блокот 1 испаѓал од употреба 16 пати, Блокот 2, 8 пати, а Блокот 3, 5 пати. Со што вкупниот број на нефункционални блокови се искачува на 29 пати за 10 месеци од годината.

Ваквите чести испади се голема материјална штета за државата. Парите кои потоа одат за санација и покривање на штетите се сериозна сума на пари кои можат доколку правилно се алоцираат да бидат употребени за сериозни зафати во насока на подобрување на инфраструктурата во РЕК Битола.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат и дека зад честите испади можеби се крие личен бизнис интерес на луѓе од власта, за да во периодот на испадот биде увезувана струја, наместо истата да биде произведена во РЕК Битола. Во изјава од партијата по испадот на Блокот 1 во РЕК Битола истакнаа:

– Неспособноста и некадарноста на партиските војници на СДСМ, вработени во државните претпријатија или желбата да му се овозможи личен профит на некој бизнисмен близок до власта, снабдувач со струја ја чини држвата од почетокот на годината до денес, за само 9 месеци над 20 милиони евра.

Најнови вести