Извршниот директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка Сашко Клековски смета дека доколку одлуката на Франција остане иста до петок, за да нема почеток на преговорите на Република Македонија со Европската унија треба да веднаш да се распишат предвремени парламентарни избори за Македонија да не влези во ситуација на ќорсокак.
-Сметам дека треба да имаме предвремени парламентарни избори. Да не влеземе во еден циклус на повторување на ситуацијата од Букурешт. Ако има не во овој случај, мислам дека треба да одиме на избори за да избегнеме едно такво лизгање надолу, вели Клековски при вечерашното гостување во емисијата Отворено на телевизија 24.