понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Милошоски: Заев има советници кои лажно се претставуваат и го навредуваат Макрон, МНР треба да му се извини на Париз

Милошоски: Заев има советници кои лажно се претставуваат и го навредуваат Макрон, МНР треба да му се извини на Париз

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски и поранешен шеф на дипломатијата, преку социјалните мрежи повторно ги посочува пропустите на македонската дипломатија во однос на Франција.

Тој потсети на постоењето на „мистериозниот советник на премиерот“, извесен Љупчо Зафировски, кој „има врски во Кабинетот на Макрон“, но ги објави и изливите на бес и разочарување на поранешна советничка, која разочарана од Макроновото „не“, му порача да „се е*е“.

-Заев има еден советник кој лажно се претставува како “човек со врски во кабинетот на Макрон”. Претходно Заев имал друг советник учесник во Шарената револуција, Ивана Јордановска, која денес објавува вулгарни пораки до претседателот на Франција (“е*и се Мак..н”). Затоа нека ве се чуди зошто премиерот Заев и покрај сите ургенции во последните неколку месеци не беше удостоен барем со покана за работна посета на Франција и кратка средба со Макрон. Во најмала рака Министерството за надворешни работи би требало уште денес да се огради од ваквите навреди и говор на омраза и да упати нота на извинување до Париз!, пишува Милошоски на Фејсбук.

Најнови вести