недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Првите фотографии од затвор на „очајната домаќинка“

Првите фотографии од затвор на „очајната домаќинка“

Актерот Вилијам Мејси заедно со ќерката Џорџија, викендов ја посетил американската актерка и негова сопруга во затвор, каде таа била фотографирана во зелен затворски комбинезон, кој инаку мора задолжително да го носи.

Актерката веќе седум дена служи казна во установа во Калифорнија, каде викендов ја посетиле сопругот и ќерката.

Фелисити Хафман, позната по улогата во хит серијата „Очајни домаќинки“ од вторникот се наоѓа на издржување на казна затвор во Калифорнија.

Ѕвездата на серијата, како што пишуваат американските медиуми, не делувала многу нервозно ниту уморно, затоа што во затворот има се што и` е потребно- козметика, теретана, а може да гледа и филмови. Наскоро излегува, затоа што и` останале неколку денови до истекување на казната.

Фелисити во средината на септември беше осудена на 14 денови затвор поради вмешаност во афера врзана за упис на колеџ, кога платила луѓе за резулататите од тестовите да одат во корист на нејзината ќерка.

„Очајната домаќинка“ ја признала вината, а казнета е со 30.000 долари парична казна и со 250 часа друштвено корисна работа. Таа е една од 34. родители обвинети во таа афера.

Најнови вести