Фолк пејачките Дара Бубамара и Сека Алексиќ минатата година се скараа, откако Сека закажала концерт само 7 дена пред Дара Бубамара во белградската арена, а сега изјави дека се надева дека Бог ќе и врати за таа зла намера.
Година дена подоцна, повторно настапија една по друга во еден ноќен клуб во Белград, а сега Дара се огласи и рече дека на трудниците не им е местото во кафеани и ноќни клубови.
– Бремените жени не би требало да пеат. На Сека не и е местото ва кафеана. Свирките почнуваат после два часот по полноќ, премногу е и задимено.. сето тоа влијае на бебето. Додека јас бев бремена со Коста, мене тогашниот сопруг ми рече „нема пеење“. Мажот треба да се грижи за финансиите и за жената. Паузирав речиси година дена. Не морав да го поднесувам стресот кој естрадата го носи. Не разбирам како не може Сека да одвои малку слободно време. Зарем толкава е кризата за пари- рекла Дара Бубамара.
Дара рекла дека со Сека после караницата се сретнале само еднаш и тоа на аеродром.
– Кога некого ќе исфрлам од животот, тоа е тоа. Таа ме предаде како пријател и удри на мојата кариера. Тоа беше зла намера , но има Бог и се ќе и врати- рекла Дара Бубамара.