Славната пејачка Селин Дион ретко кога во јавноста дели детали од својот приватен живот, па така ретко кога нејзиното семејство е експонирано во јавноста.
Особено нејзините два сина кои се близнаци речиси никогаш да ги нема видено јавноста.
Станува збор за Нелсон и Еди на кои денеска им е роденден, а нивната мајка им честиташе со посебна честитка на Инстаграм.
-Дупла насмевка, дупла радост, дупла љубов. Среќен роденден Нелсон и Еди. Многу сум горда на своите момчиња. Ве сака вас мама, напиша пејачката под фотографијата.
За потсетување пејачката освен близнаците го има и 18 годишниот син Ренеј Чарлс, а сите три деца ги доби во брак со сопругот Ранеј Анџелио кој пред три години ја загуби битката со тешката болест.