петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Новинарот Љупчо Златев на распит во МВР за случајот со Курто Дудуш: Не е проблем тоа што овој крвник тепал човек, туку што некој го снимил и снимката ми ја дал мене

Новинарот Љупчо Златев на распит во МВР за случајот со Курто Дудуш: Не е проблем тоа што овој крвник тепал човек, туку што некој го снимил и снимката ми ја дал мене

По налог на ОЈО, утре во 12 часот сум на разговор во полиција затоа што како уредник на “Лидер” ја објавив снимката на која се слуша како градоначалникот на Шутка, Курто Дудуш, киднапира и тепа човек, пишува новинарот Љупчо Златев на Фејсбук.

-Да драги, според обвинителството на Јолевски, не е проблем тоа што овој крвник тепал човек, проблем е што некој го снимил и снимката ми ја дал мене. Изворот никогаш нема да го откријам. А Јовески, кој буквално е во љубовна врска со власта, нема да ме замолчи и покрај тоа што неговите политички ментори го бараат тоа од него во предизборието!, додава Златев.

Најнови вести