вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ: На Заев и СДСМ воопшто не им е грижа за здравјето на граѓаните (ФОТО)

Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ: На Заев и СДСМ воопшто не им е грижа за здравјето на граѓаните (ФОТО)

Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ објави дека на Зоран Заев воопшто не му е грижа за здравјето на граѓаните на Македонија.

-НА ГОСПОДИНОТ ЗОРАН АЈРО ЗАЕВ ВООПШТО НЕ МУ Е ГРИЖА ЗА ЗДРАВЈЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА Р. МАКЕДОНИЈА.

Целата негрижа, пасивност, целото неработење и неспособност на СДСМ низ фотографии.

Еве колку на СДСМ им е гајле за здравјето на сите граѓани во Македонија.
Погледнето го зеленилото пред 2 години и погледната ја жалната слика сега. (Извор Google Earth)

Ова е резултат на неработење на функционерите на СДСМ, на седење по кафаени по цели денови, на корумпирани функционери кои мислата им е само во некоја нова зделка и од некој нов инвеститор да му земат некое станче плус пред да му дадат одобрение за градба.
Ова е тажна слика за сите кои заслужуваат да живеат во подобри услови и да дишат почист воздух.

Ова е резултат на не носење на развојни ДУПови туку само ДУПови кои носат нови згради по јавни површини и го продлабочуваат џебот на оние кои тоа го овозможиле.

Ова е срамота. Ова е црвена тревога дека целата гарнитура на СДСМ треба што поскоро да си замине од политичката сцена. Ова е знак дека #ОбноваНаМакедонија треба да почне што поскоро, стои во нивниот пост на Фејсбук.

Најнови вести