петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Златев: Спрегата на Јавното обвинителство и Јовевски со власта е очигледна и истата му дава порив за малтретирање на новинари

Златев: Спрегата на Јавното обвинителство и Јовевски со власта е очигледна и истата му дава порив за малтретирање на новинари

Утринава бев повикан во МВР по налог на Основното јавно обвинителство пред кое ја држам оваа прес-конференција, а бев повикан поради тоа што оваа година ја објавивме снимката од градоначалникот на општина Шутка Курто Дудуш на која се слуша како тој безправно лишува од слобода, односно киднапира човек и истиот физички го малтретира, ова денеска на прес-конференција го истакна новинарот Љупчо Златев.

-Ова е навистина иронично затоа што јас треба да сносам некаква одговорност затоа што сум објавил некаква снимка на која се гледа како функционер од власта тепа човек. Ме повикаа во МВР, морам да признаам дека службениците беа професионални и ми рекоа дека морало да ме повикаат затоа што имале налог од ОЈО. Ова обвинителство веќе во серија малтретира новинари, а јас како уредник на Економски Лидер сум поканет во истото, додека претходно имаше уште неколку новинари кои се теретени од ОЈО, вели Златев.

Тој додава дека спрегата на Јовевски со власта е очигледна и истата му дава порив да ги малтретира сите оние кои критички ја обработуваат и објавуваат снимки со тепање.

Најнови вести