Обвинителката Вилма Русковска која беше гостинка во емисијата „24 Отворено“ на Телевизија 24 проговори за предметот „Рекет“, во кој, како што е познато, првообвинети се Катица Јанева, Бојан Јовановски и Зоран Милески.
Според Русковска, чантата „Луј Витон“ која што била пронајдена кај поранешната специјална обвинителка имало иницијали „К.Ј.“, но тоа не била истата чанта од видео снимката на која се гледа како Јовановски и Милески излегуваат од домот на рекетираниот Орце Камчев.
Обвинителката Русковска потврди дека меѓу доказите постоела и фотографија од Катица Јанева со 50.000 евра во кеш.
На прашањето како тие пари биле поврзани со парите на сведокот Камчев, таа вели дека тоа е резултат од анализа на форензичарите.
-Компјутерскиот форензичар ме увери во веродостојноста, истакна Русковска.