сабота, 2. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Димков: За прв пат во историјата на македонскиот спорт се најавува протест

Димков: За прв пат во историјата на македонскиот спорт се најавува протест

На денешната собраниска седница се обрати и пратеникот Трајче Димков од редовите на ВМРО-ДПМНЕ при што посочи дека зборот „ЌЕ“ постојано е во устата на пратениците на СДСМ и на самата власт, но реализација од „ЌЕ“ нема.

Вие понудивте 6 милионско решение. Од тие 6 милиони дали знаете дека само 15% се реализирани. 15% тоа е помалку од еден милион евра, а велите 6. Сега додавате 4. Со самата постапка дека нудите ново законско решение, го поправате претходното, ни потврдувате дека имате згрешено. Во континуитет од почетокот на носењето на законот, ви укажувавме, не слушате, додаде Димков.

Димков истакна дека за прв пат во историјата на македонскиот спорт се најавува протест. Требаше македонските спортисти во недела да излезат на протести, до таму стигна работата. Дури и земјоделците, вработените во образованието, вработените во затворите сите протестираа. И дојде ред и спортистите да излезат на протест.

Во врска со реализација на ваучер системот мора да се напомене дека во моментот не е многу практичен. Ви укажувам од луѓе. Од причини што најголем дел од спортските клубови што се натпреваруваат во втора, односно во трета лига останатите младински лиги во национални првенства се изземени од неговото користење, појасни Димков.

Најнови вести