вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Арсовски кон Деспотовски: Вие се сликавте со сите апликанти, ги доделивте грантовите на спорните фирми, а дури потоа вршевте анализа

Арсовски кон Деспотовски: Вие се сликавте со сите апликанти, ги доделивте грантовите на спорните фирми, а дури потоа вршевте анализа

На јавен настан се ракувавте со сите фирми и се сликавте со апликантите кои добија грантови, а после доделување на грантовите, правевте анализа на спорните фирми откако јавноста се крена против фирмите каде сопственици беа функционери на власта, ова вечерва во емисијата „Топ Тема“ го вели Арсовски кон Јован Десповски се уште актуалниот директор на Фондот за иновации.

Арсовски истакна дека власта направи популизам пред јавноста дека Фондот за иновации работи, а реалноста е дека да не беа реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и забелешките од  јавноста за спорните фирми, илјадници евра ќе завршеа за проекти во фирмите на лица од власта и нивните семејства.

-Во однос на критериумите, сметам дека треба да се воведе критериум за сопствеништво на фирмите, затоа што фирма основана во февруари 2018 година „Еленица“,во времето кога истата аплицира за гранд од Фондот за иновации сеуште била во сопственост на Трајче Заев, откако аферата се обелоденува во тој моментсе менува и сопствеништвото на фирмата, посочи Арсовски.

Арсовски исто така праша дали ова не е индикација дека треба да се смени критериумот и да се бара претходно кои луѓе се сопственици на фирмите кои аплицираат за грантови, затоа што Зоран Заев неколку дена пред да се промени сопствеништвото на фирмата излезе и јавно излажа дека нема негови фирми кои што имаат аплицирано за грант.

Најнови вести