вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Арсовски: Министерка призна дека ги уживала позитивните економски политики на ВМРО-ДПМНЕ

Арсовски: Министерка призна дека ги уживала позитивните економски политики на ВМРО-ДПМНЕ

Во Топ тема на телма телевизија вечерва портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски истакна дека нема подобро признание од тоа да и самата министерка призна дека во време кога била на чело во својата компанија уживала во позитивните услови кои ги пружаше економската политика на ВМРО-ДПМНЕ во тоа време.

-Не можам а да не го изразам моето задоволство кога по укажувањата на ВМРО-ДПМНЕ и на дел од експертите за економија се остваруваат, но за жал се остваруваат малку доцна веќе на некои 5 до 6 месеци пред изборите, вели Арсовски

Тој се осврна на неколку  аспекти во рамките на погрешната економската политика на власта, која се одразува во сите гранки, а генерално се одразува во целовкупната економија во Македонија.

Арсовски истакна дека министерката за финансии Нина Ангеловска очигледно е дека со основање на нејзината фирма во време кога условите кои што ги нудела претходната влада, односно кога рамниот данок бил еден од столбовите на економската и монетарна политика, таа ги искористила поволно тие услови за развој на сопствениот бизнис.

-Водејќи се од позитивните услови кои ги пружила економската политика на ВМРО-ДПМНЕ, и водејќи се од самиот успех на нејзината компанија во тоа време кога функционирал рамниот данок, претпоставувам дека таа и навистина воочила дека неопходно и потребно е да се врати рамниот данок, вели Арсовски.

Тој исто така посочи дека останатите аспекти на оваа антимерка што оваа влада сакаше предизборно да ја пропагира, но во време кога анализите говорат дека граѓаните не живеат подобро и фирмите не функционираат подобро, владата со популизам пред избори повторно ја залажува јавноста со мерки кои не функционираат.

Гледаме дека три години е погрешна политиката на владата во однос на економијата, министерката со слушање на наредби односно шртвено јагне да ги спроведе сите оие политики коишто наидоа на негодување од страна на предходниот министер за финансии Драган Тевдовски, истакна Димче Арсовски.

Најнови вести